Арсенал донесе екстра засилување од Порто

Фабио Виеира од следната сезона ќе игра во Премиер лигата/фото: EPA-EFE/MANUEL FERNANDO ARAUJO

Англискиот премиерлигаш Арсенал го реализира првиот трансфер во летниот преоден рок и с засили со еден од најдобрите фудбалери на Порто, Фабио Виеира.

Според новинарот Фабрицио Романо, Арсенал се согласил да плати 40 милиони евра на Порто за Виеира кој ќе потпише петгодишен договор со „топчиите“,

Виеира ќе претставува големо засилување за Арсенал во средниот ред, Португалецот минатата сезона за Порто одигра 39 натпревари и постигна седум гола, но имаше дури 16 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот