Армијата ќе помага во Велес за одржувањето на јавниот ред и почитување на мерката за физичка дистанца

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес-конференција информираше за заклучоците донесени на денешната осма седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, меѓу кои и дека идниот вторник по Велигденските празници пред банките, поштата маркетите и Градскиот пазар во Велес за да се спречат гужвите од граѓаните ќе контролираат припадниците на АРМ, во согласност со наредбата на Државниот кризен штаб.

– Имајќи ги в предвид искуствата од минатиот викенд, се преземаат мерки и активности за организирање на долгиот полициски час кој претстои и дека со наредба на Државниот кризен штаб на располагање се ставени припадниците на Армијата. Тие после завршувањето на полицискиот час идниот вторник ќе помогнат при одржувањето на јавниот ред и почитување на мерката за држење определено растојание на граѓаните пред влезовите на банките, Градскиот пазар, зградата на поштата и пред влезовите на маркетите, информира Коцевски.

Тој појасни дека сето ова ќе се регулира со донесување на Оперативен план, кој предвидува асистенција и на претставниците на СВР – Велес, АРМ, ТППЕ – Велес и на ЈКП Дервена со цел заштита на здравјето на жителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот