Архитекти од Шпанија и Бразил ќе ја обновуваат салата „Партизан“

Архитектите Томас Ромеро Талеј од Барселона и Матеус Сартори од Бразил денеска ја посетија спортската сала „Наум Наумовски – Борче” позната како „Партизан” и се заинтересирани за нејзина обнова. Покрај нив, салата ја посетија и претставници од Општина Карпош, Меѓународната невладина организација „Културно Ехо”, Стрелачката федерација и Сојузот на ветерани.

– Тим од Општина Карпош, заедно со „Културно ехо” и двајцата архитекти веќе работат на идејното решение за салата и на програмско – содржинскиот концепт со цел да почне процесот на ревитализација штом „Партизан” се врати во сопственост на Општина Карпош. Сите страни се согласни дека треба да се задржи автентичноста на објектот и намената на просторот, но и да се направи стратегија за одржливост на овој култен спортски објект, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Иницијативата за спас и обнова на „Партизан” има обединувачки карактер, со вклучување на повеќе засегнати институции, граѓанскиот сектор, спортските работници и стручната јавност (архитекти).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот