Аргентинка: Се чувствувам како Џејмс Бонд додека тајно ги сликам цените во продавниците

супермаркет
Фото: Pexels / Kevin Malik

Како вистински таен агент, Моника Шеноне се обидува да се пробие низ ходниците на супермаркетите во Буенос Аирес, прикриено фотографирајќи ги ценовните ознаки. 52-годишната домаќинка е дел од група Аргентинци кои волонтираат во слободното време за да следат дали трговците ги почитуваат ценовните ограничувања предложени од владата за борба против неконтролираната инфлација.

Шеноне вели дека се чувствува „како Џејмс Бонд“ додека се обидува да се вклопи во толпата купувачи во главниот град на Аргентина, кој во 2022 година треба да ја забележи највисоката стапка на инфлација во последните 30 години – од 94,8 проценти, една од највисоките во светот, пренесува Индекс хр од Хина. Цените на храната што луѓето ја купуваат секојдневно се зголемуваат на месечно ниво, а во 2022 година дури и на неделно ниво.

Цените на млекото се зголемени за повеќе од четири пати, а на маслото за јадење и шеќерот за повеќе од пет пати, покажуваат официјалните податоци. Во обид да го спречи брзиот раст на цените, владата усвои програма наречена „Фер цени“, според која поскапувањата се ограничени на 3,2 отсто месечно за околу 2.000 основни производи, вклучувајќи брашно, ориз, млеко и сончогледово масло.

„Во шок сум“, изјави Шеноне на новинарот на АФП додека излегуваше од супермаркет во областа Сан Кристобал каде што направи тајна проверка на цената и рече дека е згрозена од наодите. „Најдов сапун чија цена се искачи од 231,40 пезоси на 496 пезоси, не ми изгледа како зголемување од три проценти. Ми се чини дека сè уште не сметаат за будали“, вели таа.

Програмата „Фер цени“, треба да трае од февруари до крајот на јуни и се однесува на храна и лекови, но и на хигиенски средства како сапун, облека, обувки и училишна опрема.

Учеството во програмата е доброволно, но производителите и продавачите кои го потпишуваат договорот за цена ризикуваат парични казни во случај на непочитување. Казната изнесува 71 милион пезоси (околу 370.000 долари), а тие мора да ја платат на аргентинското Министерство за трговија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот