Апасиев: Никаде во светот нема попис на дијаспора

апасиев
Димитар Апасиев, лидер на Левица

„Имаме неколку аргументи како партија зошто сме против пописот. Првиот е здравствениот аргумент. Ќе дадеме правна помош со мрежа на адвокати за луѓето кои ќе бидат казнети за бојкот, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, јавното здравје е приоритет.

„ООН преку својот департмент за статистика препорача сите земји да ги одложат пописите. Тоа го направи Германија, Шкотска, Ирска, Романија, Хрватска, Србија. Ние како партија предлагаме одложување за една година“, истакна Апасиев.

Тој нагласи и дека меѓународните аргументи се мошне силни, бидејќи пописите во цел свет се унифицирани.

„Има неколку групи на пописи. Ние имаме комбиниран попис, кој го ставија со европско знаменце. Никаде во светот нема попис на дијаспора“, вели Апасиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот