Антонио Конте може да биде наследникот на Пиоли во Милан

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Италијанскиот тренер Антонио Конте наводно има понуда да се врати на тренерската работа, а без ангажман Италијанецот е откако го напушти Тотенхем кон крајот на сеозната.

Серија А би можела да биде повторно местото на кое би се вратил Конте. Италијанскиот стратег преговараше  со Наполи пред Аурелио Де Лаурентис да се одлучи за Руди Гарсија, но не успеаа да пронајдат заеднички јазик.

Сега Конте се споменува како можно решение за клупата на Милан. Стефано Пиоли е под притисок и се најавува негова смена, а Конте се истакнува како прва желба на раководството. Покрај Конте во игра за клупата на Милан е и Игнасио Абате кој би бил доведен како привремено решение.

Ако најавите на италијанските медиуми се остварат и Конте навистина стане тренер на Милан ќе биде од ретките кој седел на клупата на трите италијански најголеми клубови. Претходно како што е познато беше тренер на Јувентус и Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот