АНКЕТА: Кој не е вакциниран нека си седи дома!

Од денеска граѓаните можат да посетуваат објекти од затворен и отворен тип само со сертификат за целосна имунизација или со потврда за прележан коронавирус во последните 45 дена.

Во одлуката што беше донесена од страна на Владата на седницата одржана на 26 октомври  стои дека сертификат за примени две дози вакцина ќе биде потребен за влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип,  објекти за сместување, во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување, на бензинските станици, во казината и обложувалниците и други објекти кои во состав на истиот даваат угостителски услуги.

Сертификат за примени две дози вакцина ќе биде потребен и за присуство на семинари, спортски и културни настани, семејни веселби…

Денеска екипата на „Слободен печат“ успеа да поразговара со неколкумина наши сограѓани, кои се согласуваат со новата одлука.

– Секако дека треба да се бара сертификат за вакцина, јас кога влегов ми побараа и го проверија сертификатот, рече една од нашите соговорнички.

-Кој не е вакциниран, нека си седи дома, децидна е друга жена, која исто така излезе од Трговскиот Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот