Ангеловска за УБ: Го стабилизиравме Пензискиот фонд – една од клучните алки за нашата економија

– Приходите од придонесите во претходната година пораснаа за 10 проценти, што е резултат не само на оние 0,4 проценти кои што се слеваат во пензискиот фонд, туку и на зголемување на вработувањата. Имаме и историски најмала стапка на невработеност, изјави во Утрински брифинг на „Слободен печат“, министерката за финансии Нина Ангелова.

Таа вели дека очекуваат наредната година да има пораст и позитивни ефекти и поради зголемување на минималната плата и со сите мерки што се реализираат ќе се зголемат приходите на Пензискиот столб.

– Во однос на непокриениот буџетски дефицит кој што се дополнува од страна на буџетот – ако во 2018 година изнесува 16,5 милијарди денари, сега тој е 16,3, што значи се работи за стабилизирање, бидејќи клучно е стабилизирањето на Пензискиот фонд за нашата економија, за нашата земја, бидејќи имаме популација која допрва ќе старее“ , рече Ангелова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот