Анестезиологот кој сними видео за ТикТок и ги покажа пациентките од Гинекологија е од тетовско Одри, во полиција го пријавил директорот на болницата

Тетовска болница. / Фото: МИА

ОД СВР Тетово инфомираа дека лекарот анестезиолог кој снимал и објавувал преку мрежата “тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош е 43 годишен жител од тетовското село Одри со иницијали В.Д.Докторот во полиција ги пријавил директорот на болницата.

„На 14.04.2023 во 23.40 часот во тетовско Одри полициски службеници го привеле В.Д. (43),постапувајќи по пријава од страна на П.В. , директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д.,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата “тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

За овој случај ноќеска се огласи и директорот на Клиничката болница Тетово Плумб Вела.

„Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите“, рече Вела за ТВ 21.

ВИДЕО: Лекар од тетовската болница снимил видео за Тик-Ток и ги покажа пациентките од гинекологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот