Анди Исмаили од Гостивар нов светски шампион во современ танц за деца

Фото: МИА

Младиот Анди Исмаили од танцовото студио „I Dance” од Гостивар е новиот светски шампион во категоријата современ танц соло деца на Светското првенство кое се одржува во Осса, Полска.

Победничката кореографија со наслов „Don’t answer the phone” е дело на Андријана Петковски од „Брејк а Лег”, додека тренери на Анди се Вулнет Незири и Сарита Селмани од танцовото студио „I Dance”.

Следен предизвик за овој исклучително талентиран танчар е Европското првенство во џез, современ и класичен балет кое ќе се одржи во Скопје во Национална опера и балет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот