Анѓела е ХЕРОИНА на Балканот – Буквално дала КОЖА ОД ГРБОТ за овој човек

Фото: Принтскрин

Анѓела Лукачевиќ (23) од Подгорица донирала кожа на Хамед Хасановиќ (28) од Бело Поле, кој на 1 август беше тешко повреден на градилиштето на автопатот Бар-Бољаре.

Хасановиќ е повреден од струен удар на пругата, додека преку шините пренесувал жица за армирање и се здобил со тешки изгореници на 60 отсто од телото.

Откако бил примен во Клиничкиот центар во Подгорица, лекувањето продолжило во Белград.

„Хамед е маж на моја долгогодишна пријателка, чувствував дека е потребна помош, а дека јас можам да помогнам и се понудив да дадам кожа. Операцијата е завршена во четвртокот и се пројде добро. Сите закрепнуваат и се надевам дека брзо ќе се вратиме дома. Секоја лузна ќе биде приказна за себе. Претходно само неколку пати имам дарувано крв на луѓе на кои им требало“, кажала Анѓела за „Вести“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот