Анализа: Русија носи војна во Европа, заканата значително порасна

Во Европа, заканата од Русија значително порасна откако руските сили ја нападнаа Украина во 2022 година.

Помалите балтички држави се залагаат за зајакнување на одбраната од потенцијален, иден руски напад.

Летонија, Литванија и Естонија, кои беа предупредени за евентуална руска воена интервенција, оваа година се согласија да изградат заедничка одбранбена линија составена од бункери и други одбранбени структури.

На север, Финска и Шведска се приклучија на западниот безбедносен сојуз НАТО по руската инвазија.

Шведска се откажа од политиката на повеќе од 200 години неутралност за официјално да ги здружи силите со западните сојузници во НАТО. Стокхолм остана со таа политика на неутралност низ Првата светска војна, Втората светска војна и Студената војна.

Но, шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека вклучувањето на Шведска во НАТО оваа година е „природен“ чекор што треба да се преземе.

„Ние влегуваме во НАТО за уште подобро да го одбраниме она што сме и во што веруваме: нашата слобода и нашата демократија“, рече Кристерсон во обраќањето по вклучувањето во НАТО. „Ова е епохален настан за нашата земја.

Финска, која дели над 1.000 километри граница со Русија, исто така ја мотивираше Шведска да дејствува со аплицирање во алијансата.

„Русија ја врати војната во Европа и затоа ова беше повик за будење за европските лидери ширум Европа“ велат аналитичарите.

Членките на НАТО, исто така, ветуваат дека ќе ги зголемат трошоците за одбрана за да ја исполнат целта од 2 отсто од економското производство.

Иако се очекува рекорден број членки на НАТО да ја исполнат целта во 2024 година кај дел од нив трошоците за одбрана ќе достигнат ново ниво оваа година.

Поранешниот претседател Трамп, републикански кандидат за претседателските избори во 2024 година, рече дека ќе и дозволи на Русија да им прави „што сака“ со земјите што не одвоиле доволно средства за одбрана а се членки во НАТО.

Коментарите на Трамп беа прифатени како „тотален шокирачки бран“ во Европа што доведе до повторно залагање за исполнување на трошоците за одбрана и обезбедување индивидуална национална безбедност.

Заедно со НАТО, Европската унија ја препозна потребата земјите да ја зајакнат својата безбедност и повика да се зголеми соработката за безбедносните предизвици и да се зголемат трошоците за одбрана.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во писмо овој месец повика на „вистинска промена на парадигмата во однос на нашата безбедност и одбрана“.

„Сега кога се соочуваме со најголемата безбедносна закана од Втората светска војна, крајно време е да преземеме радикални и конкретни чекори да бидеме спремни за одбрана и да ја поставиме економијата на ЕУ на „воена основа““, напиша Мишел.

Некои аналитичари на военото засилување на САД и Европа гледаат како на ескалација, а не како напор насочен кон обезбедување мир.

Филис Бенис, директор на новиот проект за интернационализам во прогресивниот Институт за политички студии, предупреди на „масовна ескалација на моќта“ преку НАТО и повика на имплементација на повеќе договори кои го намалуваат распоредувањето на оружје.

„Потребна ни е нова структура за Европа која не е дефинирана само или првенствено како безбедносна, воена структура“, рече таа.

Бенис рече дека структурата може да биде моделирана од Организацијата за безбедност и соработка во Европа, организација финансирана од 57 земји-членки од Европа, Централна Азија и Америка, која обезбедува форум за контрола на вооружувањето, човековите права и набљудување на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот