Аналитичар на „Економист“: Колинда Грабар-Китаровиќ му ја „наполни“ главата на Макрон за БиХ – Слободен печат
ВестиРегион

Аналитичар на „Економист“: Колинда Грабар-Китаровиќ му ја „наполни“ главата на Макрон за БиХ

Аналитичарот смета дека најверојатно тој став на Макрон, за џихадистите во БиХ, доаѓа од хрватската претседателка, Колинда Грабер- Китаровиќ.

Политичкиот аналитичар на британски „Економист“, Тим Џуда, вели дека не би бил изненаден дека изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Босна и Херцеговина е како „темпирана бомба“ дошла од хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, пренесе „Б92“.

Џуда во изјава за загрепската Н1 телевизија изјави дека многу поголем проблем се терористите кои се враќаат во Франција, каде се случуваа терористички напади во изминатите неколку години.

– Не би бил изненаден ако овие изјави дошле од претседателката на Хрватска, поради тоа што таа зборуваше вакви работи и претходно, но се прашувам дали претседателот Макрон поминал премногу време со хрватската претседателка. Овие забелешки се необјасниви бидејќи се едноставно погрешни – изјави тој.

Според неговите зборови, Макрон би бил потполно во право доколку изјавил дека Босна е проблем поради тоа што е дисфункционална држава и затоа мора да се направи повеќе за да се претвори во функционална.

– Но, зборувајќи за џихадистите кои се враќаат во Босна, што не е ништо поголем проблем за БиХ отколку за некоја друга европска држава, ја прави оваа работа многу необична – рече Џуда.

Џуда додаде, дека Макрон рекол оти тоа е проблем повеќе во Европската Унија која мора да спроведе одредени реформи за повеќе да биде политички проект отколку едноставно да служи само како пазар.

– Тој вели дека ЕУ е дисфункционална со 28, односно 27 држави, но дека ќе биде уште подисфункционална доколку има 32 држави – заклучува Џуда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close