Американските вооружени сили не планираат да го напуштат Ирак

– Ние имаме систем за рано откривање, кој се покажа многу ефективен, и благодарение на него нема повредени или загинати војници во тие напади, нагласи Хофман.

Американските вооружени сили не планираат да го напуштат Ирак, а Вашингтон е во преговори со Багдад за присуството на американската војска во таа земја, изјави портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман.

– Вооружените сили на САД немаат намера да ја повлечат војската од Ирак. Ние се уште имаме консултации со Ирак и сакаме да бидеме пријател и партнер на суверен и просперитетен Ирак. Наша желба и цел е моментно да ги задржиме американските сили во регионот и во Ирак, нагласи Хофман.

Според него, американските војници дознале за иранскиот ракетен напад врз двете бази во Ирак благодарение на системот за рано откривање, а не од трета страна.

– Ние имаме систем за рано откривање, кој се покажа многу ефективен, и благодарение на него нема повредени или загинати војници во тие напади, нагласи Хофман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот