Американските компании можат да побараат од вработените да бидат вакцинирани

Фото: EPA-EFE/Gary Coronado / POOL

Американските компании можат да побараат од вработените да бидат вакцинирани против ковид-19, соопшти Комисијата за еднакви можности за вработување (EEOC).

EEOC, во соопштението објавено на својата веб-страница ги објаснува своите упатства – од вработените може да се бара да се вакцинираат се додека работодавците ги почитуваат разумните законски одредби.

Покрај тоа, работодавачите можат да понудат стимулации за работниците да бидат вакцинирани, се додека тие не се присилни.

Огромно мнозинство на работодавци не сакаат да бараат вакцинирање на работниците. Истражувањето на Фишер Филипс претходно оваа година, покажа дека само 9 проценти од анкетираните над 700 работодавци рекле дека размислуваат да побараат вакцинирање од вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот