Американскиот Сенат ќе ја суспендира Турција од НАТО ако изврши напад врз Сирија

Американскиот Сенат ќе бара да се санкционира Турција, па дури и да ја суспендира земјата од НАТО ако ја нападне североисточна Сирија и тамошните курдски сили, изјави денеска сенаторoт Линзи Греам, кој, како и претседателот Доналд Трамп, е од Републиканската партија.

„Ќе воведеме двопартиски санкции против Турција ако тие ја нападнат Сирија и ќе повикаме на нивно суспендирање од НАТО ако ги нападнат курдските сили кои им помогнаа на САД во уништувањето на калифатот на т.н. Исламска држава, порача Греам преку Твитер.

Греам, кој важи за гласен поддржувач на Трамп, изјави дека соработува со демократскиот сенатор Крис Ван Холен на законот и се надева на големо мнозинство во Горниот дом за изгласување вето.

„Конгресот мора да стави до знаење дека Турција ќе плати висока цена ако ги нападне сириските Курди”, рече Ван Холен, осудувајќи ја „одлуката на Трамп да ги предаде” Курдите.

Републиканскиот сенатор Мит Ромни предупреди дека одлуката ќе се смета за „предавство” на Курдите, која ќе ги претстави САД како „несигурен сојузник”.

Членови на обете партии го критикуваа претседателот околу неговата одлука да и дозволи на Турција да влезе во северна Сирија и да ги нападне курдските сили предводени од Вашингтон во борбата против терористичката Исламска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот