Американскиот претседател Џо Бајден, ја „отследи“ манекенката Криси Тајген на „Твитер“

instagram

Откако поранешниот претседател Доналд Трамп ја блокираше на „Твитер“ во 2017 година, Криси Тајген овојпат ги зеде работите во свои раце кога станува збор за новиот претседател на Америка, Џо Бајден.

Имено, таа и нејзиниот сопруг Џон Леџенд го поддржуваа Бајден за време на кампањата, па дури и присуствуваа на инаугурацијата во Вашингтон, а Леџенд имаше и свој вирутелен концерт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Само еден месец откако го замоли да ја заследи на социјалните мрежи, и Бајден ѝ ја исполни желбата, моделот направи радикален пресврт – сега, сосема неочекувано, таа побара „крај“ на нивната виртуелна соработка!

Instagram
Instagram

Многумина заклучија дека Криси очигледно чувствува дека не може да го покаже своето вистинско лице знаејќи дека нејзините често „скокотливи“ објави ги чита и првиот човек на државата од неговиот профил „@POTUS“ на „Твитер“.

„За да бидам вистинската јас, морам да ве замолам да ме отследите! Но ве сакам!!! Не е до вас, до мене е!“, напиша Тајген на социјалната мрежа, а кратко потоа Бајден ја отследи.

Моделот веднаш објави дека бројот на луѓе што ги следи претседателот од 13 се намалил на 12.

 

К*чко, е*и се и п*ши к*р, слободна сум!!!!!!!!“, се пишегува Криси и ги насмеа обожавателите со смешната рекација, покажувајќи дека сега може слободно да се изразува.

Нејзините обожаватели веднаш почнаа да коментираат под нејзините објави, сметаат дека манекенката веројатно се срамела да пцуе и да пишува како порано и затоа го замолила Бајден да ја отследи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот