Американскиот државен секретар посака успех на бугарското претседавање со иницијативата „Три мориња”

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која е национален координатор на иницијативата „Три мориња”, повика на поголема регионална поврзаност во науката, технологијата, иновациите, како и меѓу деловните и технолошките паркови во 12-те земји учеснички, јави дописникот на МИА од Софија

„Најголемата додадена вредност на иницијативата е тоа што е отворена кон иднината и дава можност за развој на младите, како и ќе им помогне да ги убедат да останат и да живеат во нашиот регион”, рече Екатерина Захариева. Таа беше домаќин на видеоконференциски состанок на министри за надворешни работи и национални координатори од трите земји-членки на „Три мориња” – прв во овој формат за време на бугарското претседателство со иницијативата во 2021 година.

На видео конференцијата присуствуваа и партнерите на „Три мориња”, САД, Германија и ЕУ.

Во специјалното видео обраќање до учесниците на настанот, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, му посака успех на бугарското претседателство и ја потврди поддршката на САД за иницијативата. На состанокот присуствуваа и министрите за надворешни работи на Естонија – Ева-Марија Лимиц, на Унгарија Питер Сијарто, на Хрватска – Гордан Гарлиќ-Радман, кои исто така изразија целосна поддршка за „Трите мориња”.

„Бугарија нуди регионално поврзување во областа на науката, образованието, технологијата и иновациите. Примената на новите технологии во дигитализацијата, енергетската ефикасност, зелената економија создаваат нови можности за „паметно” поврзување помеѓу универзитетите и истражувачките центри”, рече Екатерина Захариева.

Меѓу бугарските предлози се создавање на дигитални платформи помеѓу инвестициските агенции на земјите во „Трите мориња”, деловни организации, мали и средни претпријатија, технолошки паркови, што би  олеснило пристп на стратешки инвеститори во регионот.

Министерката Захариева ја истакна важноста на соработката со Европската комисија, САД и Германија. Таа предложи поголема флексибилност при изборот на проекти, вклучително и стратешки партнери надвор од Трите мориња.

„Пример за таква флексибилност ќе биде завршувањето на коридорот Север-Југ преку поврзување со грчките пристаништа на Егејско Море. Друга идеја би била да се поврзе коридорот Север-Југ со Коридорот 8 “, рече таа. Според неа, Трите мориња би можеле да бидат поотворени за соработка со приватниот бизнис, како и со стратешките партнери и земјите надвор од иницијативите за Западен Балкан и Источно партнерство.

Дискусијата се фокусираше на улогата на владите и државните институции во спроведувањето на приоритетните цели на Трите мориња, како и подготовката на Самитот во Софија подоцна во текот на годината. Захариева ја истакна потребата владите и државните институции на земјите учеснички да играат поактивна улога во спроведувањето на проектите на иницијативата, како и за поголема поддршка на инвестицискиот фонд, во кој Бугарија веќе се приклучи со 20 евра милиони

Захариева исто така ги потврди приоритетите на бугарското претседателство, вклучително и енергетската безбедност и диверзификација на изворите на енергија и нивните рути за снабдување, како и зголемување на транспортот и дигиталната поврзаност меѓу земјите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот