Американската морнарица ги исфрла од употреба екраните на допир

Американската морнарица планира да ги исфрли од употреба екраните на допир на своите разузнавачи и да ги замени со конвенционални механички контроли до 2020 година.

Иако американската војска отсекогаш прифаќала нови технологии, овојпат, наместо дисплејот, на командните табли ќе се вратат рачките, копчињата и лостовите.

Морнарицата ја донесе таа одлука по завршувањето на истрагата за судирот на бродот УСС Џон. С. Мекејн во 2017 година, во кој загинаа 10 морнари.

Истрагата утврди дека несреќата се должела на комплицираниот управувачки интерфејс на командниот екран чувствителен на допир и лошата обука на морнари, што доведе до судир со друг брод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот