Американецот Малик Абу потпиша за МЗТ Скопје Аеродром

фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Искусниот Абдул-Малик Абу (27 год, 203 см) е новото засилување за МЗТ Скопје Аеродром на центарската позиција, откако Американецот потпиша договор до крајот на сезоната.

Одлично се снаоѓа на позициите „четири“ и „пет“ и доаѓа од Израел, каде што настапуваше за Хапоел Галил Елион, додека претходно беше дел од бундеслигашот Вурзбург, корејскиот прволигаш Чангвон, турскиот тим Беледиеспор, Спортинг од Лисабон и Вриједноснице Осијек, кој беше негов прв интернационален трансфер.

Зад себе има повеќе од солидна НЦАА кариера во Северна Каролина државниот универзитет, каде што во една од сезоните имаше просек од 11,8 поени и седум скока.

Тој доаѓа на местото на Самет Јигитоглу, кој си го откупи договорот за да се врати во Турција.

– Абу е посилен и поискусен од турскиот кошаркар, што ни дава надеж за далеку поголем придонес од центарската линија во средбите што се пред нас. Се прават напори веднаш да пристигне во Скопје и до недела да се средат сите административни формалности, со цел да дебитира во сино-белиот дрес веќе на дуелот со Партизан во Белград, закажан за в понеделник – информираат од КК МЗТ Скопје Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот