Tурчинот Јигитоглу го напушти МЗТ: Самиот си го откупи договорот за да се врати Бешикташ

Фото: МЗТ Скопје

Турскиот центар Самет Јигитоглу (18 години) повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако неговиот менаџерски тим ја плати откупната клаузула предвидена во договорот и реши да го врати во Турција и тоа најверојатно во матичниот Бешикташ, од каде што и дојде во македонскиот шампион.

Високиот центар минатата сезона ја мина во вториот тим на МЗТ, а летово доби шанса да се покаже и во најдобриот состав и тоа во АБА-лигата. Јигитоглу одигра неколку добри средби во регионалното натпреварување, пред се дуелите против Црвена Звезда во Белград (12 поени и 14 скока), СЦ Дерби во Скопје (13 поени и седум скока) и ФМП во Белград (15 поени и пет скока).

Но, на последните седум меча во АБА постигна вкупно 22 поени, што на 14 одиграни средби му донесе просек од 5,7 поени и 4,5 скока.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот