Американец убил крадец кој му ја украл скарата од дворот

Скара илустрација / Фото: valentyn semenov / Alamy / Alamy / Profimedia

Сопственик на куќа во округот Харис, Тексас застрелал и убил човек кој вчера наутро му ја украл преносливата скара. Шерифот на округот Ед Гонзалес рече дека полицијата одговорила на извештајот за пукање во неделата и дека прелиминарната истрага покажала дека жртвата се обидела да украде скара од домот.

Откако видел дека му ја нема скарата, сопственикот на куќата влегол во својот автомобил и тргнал по возилото на крадецот. Кога го стигнал со својот автомобил, им се заканил на двајцата мажи во автомобилот. Тој во полиција изјавил дека крадецот имал пиштол и дека го застрелал од страв за неговата безбедност.

Гонзалес наведува дека другото лице во возилото не е повредено. Полицијата го приведе сопственикот на куќата кој, според шерифот, соработувал со истражителите и дал детален исказ за инцидентот, пишува Фокс њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот