Америка изведе воздушни удари во Авганистан, Талибанците се закануваат: Ако вака продолжите, ќе ги сносите последиците

Фото: EPA

САД извршија воздушни напади во Авганистан за поддршка на владините сили под притисок на талибанците, во време кога странските сили, преведени од Соединетите држави, ја спроведуваат последната фаза од нивното повлекување од таа земја, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, за новинарите изјави дека воздушните напади биле извршени за поддршка на авганистанските безбедносни сили во последните неколку дена, но тој не даде дополнителни детали.

Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид изјави дека нападите биле извршени во средата вечерта на периферијата на градот Кандахар на југот на земјата и дека тројца нивни борци биле убиени, а две возила биле уништени.

„Ние ги потврдуваме овие воздушни напади и силно ги осудуваме, бидејќи станува збор за очигледен напад и кршење на договорот во Доха, затоа што тие не можат да имаат операции по мај“, рече Муџахид, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Талибанците со кој се отвори начин за повлекување на американските сили.

„Ако извршат каква било друга операција, тогаш тие ќе бидат одговорни за последиците“, предупреди портпаролот на талибанците.

Скоро сите американски трупи, освен оние што ја штитат амбасадата во Кабул и аеродромот во главниот град, ја напуштија земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот