Амбасадор на Израел во ОН: Ова се воени злосторства на Хамас, ерата на разумен третман на овие дивјаци заврши

Амбасадорот на Израел во Обединетите нации Гилад Ердан го обвини Хамас за воени злосторства и рече дека е време да се уништи „терористичката инфраструктура“ на палестинската милитантна група.

– Ова се воени злосторства, ова се очигледни документирани воени злосторства. Ерата на разумен третман на овие дивјаци заврши. Сега е време да се уништи терористичката инфраструктура на Хамас, целосно да се збрише, за никогаш повеќе да не се повторат такви ужаси, изјави Ердан пред новинарите пред седницата на Советот за безбедност на ОН, која ќе се одржи вечерва зад затворени врати.

Тој додаде дека не гледа причина да не се продолжат преговорите за нормализација на односите на Израел со Саудиска Арабија, кои се водат со посредство на САД.

– Не гледам причина зошто тоа треба да се тргне од маса. Ние сè уште сакаме тоа да се случи – истакна Ердан.

Амбасадорот апелираше до меѓународната заедница да го поддржи Израел и да ги осуди акциите на Хамас.

Американски медиуми претходно денеска објавија дека е многу веројатно нападот на Хамас врз Израел да имал за цел „да ја наруши нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот