Алтернатива со порака до Ахмети: Тој заминува

Фото: Алсат/принтскрин

Доскорешниот владин партнер Алтернатива, митингот на ДУИ во Чаир го оцени како уште една скапа приватна забава на партијата на Али Ахмети и порача дека се потврдило оти Чаир е на чаирчани, а не на ДУИ, а најмалку пак на Артан Груби. Алтернатива констатира дека како тргнала ДУИ да ги потценуваат Албанците, уверени с дека наместо „Тој доаѓа” ќе биде „Тој заминува”.

„Додека Албанците едвај сврзуваат крај со крај, додека цели семејства секојдневно си заминуваат од земјата барајќи чаре во туѓина, ДУИ е фокусиран исклучиво на задушување на внатрепартискиот револт. Да ја парафразираме онаа народната: Село гори Артан игра фудбал и кошарка во државни кабинети и собира партиски активисти во спортски сали. Очигледно нечиј страв се прикрива со бесцелни собири на збунети партиски активисти. И за таа цел не се штедат ресурси. Се злоупотребува секој атом од извршната власт“, велат од Алтернатива.

Од партијата велат дека отуѓеноста на ДУИ од сопствениот народ е најсилната мотивација Албанците на следните избори да го казнат расипничкиот модел на владеење кој ги држи во заложништво.

„Алтернатива е подготвена да биде олеснувач во процесот на окрупнување и обединување на општествените сили кои се подготвени конечно да се пресметаат со династијата на ДУИ. Како тргнале ДУИ да ги потценуваат Албанците, уверени сме дека наместо „Тој доаѓа” ќе биде „Тој заминува”, велат од партијата на Африм Гаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот