Алкараз по стапките на Надал, на 19 години влезе во топ 5 на ранг листата

Карлос Алкараз годинава победи на четири турнири, од кои два се од серијата Мастерс 1000/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Тениската сензација од Шпанија, Карлос Алкареаз не успеа да освои уште една титулаѕа годинава, но затоа ќе влезе меѓу најдобрите пет тенисери на АТП ранг листата.

Алкараз денеска загуби од Лоренцо Мусети во финалето на турнирот во Хамбург во три сета и тоа со 6:4,6:7,6:4.

Но, покрај поразот, од утре 19-годишниот Алкараз ќе скокне едно место на АТП ранг листата и ќе биде петти тенисер на светот.


Тоа ќе биде негов најдобар пласман во во кариерата и ќе стане најмладиот тенисер по Рафаел Надал во 2005 година што ќе биде во топ 5 на ранг листата. Надал беше во Топ 5 таа година еден месец пред неговиот 19-ти роденден.

И покрај поразот во финалето во Хамбург, Алкараз има одлична сезона, досега триумфира на турнирите во Рио де Жанеиро, Барселона како и на Мастерсите во Мајами и Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот