ВИДЕО | Алка Вуица се враќа на музичката сцена: Песна која ќе остане и долго ќе се слуша

Instagram
Instagram

Алка Вуица пред дваесетина години беше многу популарна. Имено, нејзините песни „Варалица“ и „Професионалка“ често се вртеа на радиостаниците во целиот регион, но последните неколку години таа ретко се појавува во јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)

Славната авторка по подолга пауза се враќа на сцената. Со одличната „Луѓакиња“ („Luđakinja“) Вуица го најавува новиот студиски албум, на кој интересно е дека соработува со Марија Мирковиќ, некогашната членка на бендот „Фрајле“, која по заминувањето од составот реши максимално да ѝ се посвети на авторската работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)


Токму Марија е дел и од авторскиот тим на темата „Луѓакиња“, односно нејзина е музиката, Алка е текстописец, додека аранжманот е со потписот на Драган Брнас – Фудо. Видеозаписот, пак, го потпишува Жељко Јурешиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)


Алка за песната вели: „Таа е вистинска женска химна. Тоа е песна која ќе остане и долго ќе се слуша. Со Марија како композитор сум соработувала и порано, но ова е нешто сосема поинакво од она што сме го правеле, прилично е кантавторски и лично. Мило ми е што токму оваа тема е одбрана за прв сингл.“

Песната, инаку е објавена на тројниот албум „13 СМС фестивал 2021“, а Алка ќе ја изведе на 12 јуни на водичката рива, што особено ја радува, пишува „Redakcija.hr“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот