Алијансата за Албанците: Веднаш и без никакви услови да се ослободи Морина

Алијанса за Албанците / фото: АА

Алијансата за Албанците денеска преку сооппштение побара ослободување на косовскиот државјанин Томор Морина, кој вчера беше уапсен на граничниот премин Блаце.

„Веднаш без никакви услови да се ослободи борецот за слобода Томор Морина. Владата на РСМ заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Агим Нухиу, продолжуваат да работат според директивите на Белград. Алијансата за Албанците изразува длабока огорченост и се чувствува навредена поради фактот што полицијата на РСМ го уапсила борецот за слобода Томор Морина, државјанин на Република Косово“, се вели во соопштението од партијата.

оттаму додаваат дека патот кон НАТО и ЕУ не се трасира со почитување на обвиненијата покренати лично од крвопиецот Слободан Милошевиќ.

„Алијансата за Албанците преку оваа реакција и порачува на владата на РСМ дека соживот и граѓанска благосостојба не може да се постигне со провокации, апсења и монтирани процеси. На овој начин постапуваа вашите претходници и доведоа до конфликт во 2001 година. Не фрлајте масло врз огнот“, велат од АА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот