Алек Болдвин се огласи за првпат по трагедијата: Срцето ми е скршено

Американскиот актер Алек Болдвин се огласи на социјалните мрежи за првпат по трагичниот инцидент на снимањето на филм во државата Њу Мексико, кога тој случајно ја застрела и ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот на филмот, Џоел Соуза.
„Нема зборови кои ќе го опишат мојот шок и тага поради сето она што ѝ се случи на Халина и трагичната несреќа која доведе до губење на нејзиниот живот. Халина Хачинс – мајка, жена и многу почитувана колешка. Соработувам со полицијата во истрагата како би се октирло како се случи оваа несреќа“, пишува 63-годишниот актер.
„Во контакт сум со нејзиниот сопруг и му понудив поддршка нему и на семејството. Срцето ми е скршено и страда поради нејзиниот сопруг, синот и сите оние кои ја сакаа и ја познаваа Халина“, напиша Болдвин.
Истражителите соопштија дека несреќниот инцидент се случил за време на снимање на сцена која вклучувала користење на реквизит на огнено оружје, кога Болдвин стрелал од пиштол, а се истражува какви куршуми биле користени.
Според сведоштвата од сетот на филмот, актерот по несреќата цело време повторувал само една реченица: „Зошто во раце добив наполнет пиштол?“