Албанскиот парламент ја достави до Уставниот суд одлуката за разрешување на Мета

Илир Мета/ Фото: МИА

Албанскиот законодавен дом попладнево до Уставниот суд ја достави одлуката за разрешување на претседателот Илир Мета.

Уставниот суд има рок од три месеци да одлучи дали ќе го разгледа случајот или не, додека нема ограничување во времето до кога мора да го заврши судењето и да донесе одлука. Треба да донесе конечна одлула дали наодите на Собранието, за сериозно кршење на Уставот од страна на Илир Мета, се основани или не.

На седницата на 9 месецов парламентот со 104 гласови донесе одлука за разрешување на Мета, што значи дека за негово разрешување гласаа и пратеници од опозицијата.

Во обемниот извештај од стотина страници, во кој се внесени транскрипти од сите јавни изјави на Мета, неговите објави на социјалните мрежи, пред и за време на изборната кампања, анкетната комисија дошла до заклучок дека претседателот сериозно прекршил 17 члена од Уставот.

Мета е првиот претседател на Албанија за кого Парламентот носи одлука за разрешување во тридеценискиот плурализам во земјата.

Шефот на државата ја прогласи одлуката на парламентот за неуставна и најави дека ќе продолжи да биде претседател до 22 јули 2022 година, датумот кога ќе му заврши мандатот. – Одлуката за мое разрешување е да се отргне вниманието од изборниот криминал, вели тој.

Одлуката Мета ја оцени како „последна претстава на монистичкиот парламент” што се прави за да се оттргне вниманието од истрагата за изборниот криминал. Повтори дека ќе продолжи да биде претседател до 24 јули 2022 година, датумот кога му завршува мандатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот