Албанија го забрани „лекувањето“ на хомосексуалците

фото Архива

Албанските психолози забранија „терапетски разговори“ чија задача е да ја променат сексуалната ориентација на младите членови на ЛГБТИ заедницата, а овој чекор беше поздравен и од Организациите за заштита на човековите права во оваа земја.

Албанските психолози забранија „терапетски разговори“ чија задача е да ја променат сексуалната ориентација на младите членови на ЛГБТИ заедницата, а овој чекор беше поздравен и од Организациите за заштита на човековите права во оваа земја.

– Сите терапевти во Албанија мораат да бидат членови на Здружението на албански психолози, чии одлуки се конечни и правно исправни – изјави Алтин Хазизај, претседател на Здружението, пренесува АФП.

– Тоа е конечна одлука и за да стапи на сила, не и треба потврда од законодавмата ии од извршната власт – изјавил тој.

Според податоците од другите земјо, личностите кои биле изложени на тие терапии се 8,4 пати повеќе спремни да извршат самоубиство и 5,9 отсто се изложени на депресија, наведува Здружението.

Најспорни се електрошоковите и вбризгувањето тестостерон

Стручните лица тврдат дека психолошките и духовните интервенции насочени кон промена на сексуалната ориентација се непродуктивни и често опасни, а најспорни се техниките со електрошокови и вбризгувањето на тестостерон.

Во март 2018 година Европскиот парламент изгласа текст со кој се осудуваат тие техники и упати апел до надлежните во земјата да ги забранат тие постапки.

Во почетокот на мај Германија веднаш после Малта стана втората земја членка на Европската Унија која ги забрани терапетските разговори со малолетниците.

Албанија во 2010 година усвои Законот против дискриминација врз база на сексуална ориентација, но повеќето членови на ЛГБТИ заедницата во таа земја како и во многу други земји од Европа, секојдневно се соочува со предрасуди, дискриминација и семејно насилство, објаснува Pink Embassy.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот