Албанија во понеделник ќе добие пратка со 15.000 вакцини од Фајзер

Фајзер вакцина
Фајзерр вакцина / Фото: ЕPA-EFE/ABIR SULTAN

Во понеделник во Албанија приситигнува пратка со 15.000 вакцини од компанијата „Фајзер”, информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот на експерти за справување со пандемијата.

Гостувајќи во емисија на телевизијата „Ора њуз” таа додаде дека имунизацијата на целата популација во земјата предвидено е да заврши за 14 месеци.

-Врз основа на договорот за 500.000 вакцини со компанијата „Фајзер”, в понеделник ќе пристигнат 15.000 илјади, што со претходно добиените станува збор за количество од 31.380 дози вакцини. Со вакцинација почнавме на 11 јануари многу побрзо од некои европски земји, а до сега имунизирани се околу 10 илјади здравствени работници, потоа лица сместени во старските домови и персоналот во овие установи, како и повозрасните лица од 80 години. Најдоброто сценарио за да се заврши процесот на вакцинација е 14 месеци, рече Ракацоли.

Таа зборуваше и за актуелната епидемиолошка состојба со ковид-19 посебно нагласувајќи го фактот дека овој месец се попогодена е младата популација и тоа од 15 до 25- годишна возраст.

-Низ целата земја располагаме со 1.600 болнички кревети за ковид пациенти. Постои сценарио за нивно добро управување. Веднаш штом се пополнија четирите ковид болници во Тирана, беа отворени и регионалните ковид болници. Посебно загрижува фактот што се зголемува бројот на новозразени меѓу младата популација, особено на возраст од 15 до 25 години. Имаме случаи и до 65 години, додека над овие возрасти, бројките се пониски од порано. Кога ќе излезам на улица не гледам стари луѓе како шетаат без маски, што тоа не се случува и со младите. Доколку се почитуваат мерките, болеста може да се спречи, посочи Ракацоли.

Во меѓувреме во земјата продолжуваат восоките бројки на новозразени, починати, но и на оздравени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот