Алармантно: Повторно затворен дел од новата белоруска нуклеарна централа „Астраветс”

Дел од новата нуклеарна централа „Астраветс” во Белорусија денес беше затворен, и тоа за време на процедурата на тестирање, откако генераторот го активирал системот за заштита.

Британските медиуми пренесуваат дека нивото на радијација во проблематичната зона било нормално.

„Системот за заштита беше активиран за време на пробното индустриско работење на одделот 1, како дел од тестирањето на системот и опремата”, се наведува во соопштението на белоруското Министерство за енергетика, од каде се додаде дека зрачењето во близина на нуклеарната централа било нормално.

Истиот оддел на нуклеарната централа претходно, на 7 ноември, беше затворен поради технички проблеми за време на церемонијата на отворање, на која присуствуваше и претседателот Александар Лукашенко.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот