Актерот Џеси Тајлер Фергусон од серијата „Modern Family“ боледува од рак: Морате редовно да одите на лекар

Актерот Џеси Тајлер Фергусон кој се прослави со улогата во серијата „Modern Family“, неодамна на лекарски преглед дознал дека има рак.

Џеси Тајлер Фергусон

За среќа, актерот на време го открил ракот. Сега тој се огласи и ги предупреди сите за тоа колку се важни превентивните прегледи. Откако ја објави пораката, верните обожаватели си закажале прегледи и му напишаа коментари на неговиот истраграм-профил.

Процедурата на отстранување на карциномот се случила во понеделникот, по што актерот објави на „Инстаграм“ каква му е состојбата и како се чувствува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesse Tyler Ferguson (@jessetyler)


„Само да ве потсетам редовно да одите на лекар. Кај дерматологот посебно ако имате светол тен како мене. Секој пат кога ќе отидам нешто е отстрането од мене. Денес беше отстрането мало количество на рак на кожата. Не грижете се, го најдовме рано и ќе бидам во ред (Носете крема за сончање! За мене со фактор 1000!“, напиша актерот во објавата на социјалната мрежа.

instagram
Принтскрин / Instagram

Тој во коментари доби многу љубов, поддршка и изрази на грижа. „Мора да си ми тука засекогаш. Прегледи кај дерматолог еднаш месечно!“, напиша неговиот сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот