Актерката Бела Ремзи откри дека е небинарна личност
Sвездата на „The Last of Us“, Бела Ремзи објави дека е небинарна личност. Во интервју за The New York Times откри дека не ѝ сметало што во детството ѝ се обраќале и како да е машко.
„Претпоставувам дека мојот род отсекогаш беше флуиден“, вели Бела.
View this post on Instagram
„Некој ќе ме наречеше ‘таа’ едноставно не се заморував со тоа, но кога некој ќе ме наречеше ‘тој’, ми беше малку возбудливо“, додаде младата актерка.
View this post on Instagram
Таа исто така изјави дека ако во некој формулар треба да го означи полот, ќе го обележи полето „нибинарен“.
„Јас воглавно сум само личност. Да се биде одреден по род не е нешто што особено ми се допаѓа, но кога станува збор за личните заменки навистина не ми е гајле“, рече актерката.
View this post on Instagram
Оваа млада актерка, која има 19 години, глуми во серијата The Last of Us која настана благодарение на популарната истоимена PlayStation видео игрица од 2013 година во која дејтсвото се одвивца 20 години откако модерната цивилизација е уништена поради пандемија која повеќето луѓе ги претворила во зомбија.