Ахмети е горд на кадрите од ДУИ: Тие се огледало на државата

али ахмети фејсбук

Лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа од средби со гостиварци најави дека ветингот ќе го спроведат странски експерти. Тој, како што рече, е горд и среќен од кадрите на ДУИ кои се огледало на државата.

Освен Ахмети, на четвртата средба со сопартијците и со граѓаните на општина Гостивар, се обратиле и претседателот на Собранието Талат Џафери, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателот на гостиварскиот огранок на Валдет Џафери како и пратеничката Вјолца Латифи Адеми.

Лидерот на ДУИ истакнал дека како Албанци, решени се да бидат на вистинскиот пат и дека ја промовираат правната држава. Според него ДУИ 20 години е на вистинската страна и толку години инвестира во обука на кадри.

Се гордеам со кадрите кои ни го белеат образот. Ме прават среќен затоа што се огледало на државата, а тоа ме прави неуморен да продолжиме и да одиме напред. Додека зборуваме, Бујар се враќа од Украина. Скринингот што започна кај нас се прави за земјите кои бараат влез во ЕУ. Членството на земјата во ЕУ е бенефит за идните генерации. ДУИ е партијата со најголема внатрешна демократија. Работиме добро и внатре и во институциите. Нашата цел е зајакнување на државата, економијата и правдата. Почнувајќи од мене, ќе го започнеме ветингот, судството и обвинителството да бидат чисти и правични, со експерти од странство“, рече Ахмети.

Џафери истакнал дека сојузот што го направивле со Ахмети е сојуз со младината.

Денес нашата младина е со оние кои заслужуваат да ги носат процесите на свои плеќи. Другиот сојуз е со народот. Не треба да се спротивставуваме затоа што имаме еднакви права. За тоа што го направивме, не треба да се обвинуваме меѓусебно затоа што таа проценка ја даваат граѓаните. Тие што заслужија, а оние што не заслужија, граѓаните им го покажаа местото рече Џафери.

Министерот за економија Бектеши го пофали првиот вицепремиер Артан Груби за сработеното.

Заедно со првиот меѓу нас, Груби донесе неколку одлуки за доброто на граѓаните и фирмите. Средствата за прв пат се поделени подеднакво, штом во минатото имаше дискриминација, на оние региони кои беа маргинализирани сега дополнително ќе им се помага. Закон за финансиска поддршка и активни мерки за самовработување“, рече Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот