Агуеро во среда ја завршува кариерата поради здравствени проблеми

Серхио Агуеро поради проблеми со срцето мораше предвреме да ја заврши фудбалската кариера/ фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Аргентинскиот напаѓач на 30 октомври на мечот со Алавес почувствувал болка во градите, а деталните прегледи утврдија дека Серхио Агуеро најверојатно никогаш повеќе нема да може да игра.

Оваа вест ја потврдија и медиумите блиски до Барселона, а прес-конференција би требало да се одржи на стадионот на каталонскиот клуб.

Аргентинецот пристигна во Барса како големо засилување, одигра 165 минути, според најавите Агуеро во среда ќе објави крај на кариерата поради проблеми со срцето, пренесува „Радио Марка“.

Ја започна својата кариера во Индепендиенте, а во периодот од 2006 до 2011 година го носеше дресот на Атлетико Мадрид.

Потоа, 10 години беше во Манчестер сити и стана легенда на клубот со 260 гола, најдобар стрелец во историјата на клубот со кој пет пати беше шампион на Англија, освои уште 10 трофеи и играше во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот