Аеродромот во Даблин ги одбива превозниците поради ограничувањето на бројот на патници

Даблин Аердором Фото ЕПА EFE/Fernando Villar EPA-EFE/FERNANDO VILLAR

Аеродромот во Даблин предупреди дека е принуден да ги одбие барањата на авиокомпаниите за повеќе летови поради пропишаното ограничување на бројот на патници и можеби нема да може да одобри летови поврзани со спортски настани во 2024 година.

На главниот аеродром во Ирска му е дозволено да прими 32 милиони патници годишно, а пред нешто повеќе од десет години доби дозвола да изгради уште еден терминал.

„Во 2019 година, аеродромот го достигна својот лимит, а оваа година може да се приближи или повторно да го достигне благодарение на брзото закрепнување на патувањата по пандемијата. Барањето за зголемување на капацитетот го поднесовме дури сега поради падот на патувањата по финансиската криза во 2009 година, изградбата на нова писта и пандемијата“ изјави извршниот директор на аеродромот во Даблин (ДАА) Кени Џејкобс пред пратениците.

„Одбивме неколку авиокомпании и информиравме неколку од нив дека не можат (да го зголемат бројот на летови)“, изјави Џејкобс пред парламентарната комисија.

„Предупредуваме дека следната година можеби ќе треба да преземеме дополнителни чекори. Ги отстранивме стимулациите за авиокомпаниите и велиме дека ги извршуваме летовите во согласност со лимитот и нема да поттикнеме зголемување на бројот на летови“, додаде шефот на аеродромот.

Ограничувањата ќе го принудат пристаништето да донесе „тешки одлуки“ во 2024 година, особено за итни и чартер летови, што би можело да значи дека некои навивачи кои патуваат во финалето на Лига Европа во мај и на рагби натпреварот на Шест нации во Даблин можеби ќе треба да летаат до Корк. Шенон или Белфаст, предупредува тој.

Како дел од новиот план за изградба на инфраструктура што ќе им биде претставен на властите во декември, управата на аеродромот ќе се обиде да ја подигне границата на 40 милиони, во согласност со проектираниот раст на населението во Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот