„Адидас“ повеќе не продава германски дрес со број 44

Фудбалската репрезентација на Германија/фото: EPA/LAURENT DUBRULE

Корисниците на социјалните мрежи забележаа дека бројот 44 на новодизајнираниот дрес, откриен минатиот месец, наликува на логото (SS), паравоена организација контролирана од нацистите и Адолф Хитлер.

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ и Германската фудбалска федерација (ДФБ) ја прекинаа продажбата на новиот национален дрес со број 44 по критиките дека личи на логото на нацистичката организација СС.

– Ќе ја запреме персонализацијата на дресовите во нашите онлајн продавници – објави Оливер Бриген, портпарол на Адидас, пренесе ДПА.

До понеделник попладне веќе не можеше да се персонализираат дресовите со лични имиња и броеви.

Во меѓувреме, ДФБ ја прекина испораката на дресови со број 44 веќе нарачани во онлајн продавницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот