Адетокумпо останува во Милвоки, екипата сериозно ќе се засили за новата сезона

фото: твитер

Сопствениците на Милвоки бакс и најдобриот кошаркар на екипата денеска одржаа состанок на кој разговараа за иднината на играчот.

Епилогот од состанокот е дека Јанис Адетокумпо и наредната сезона ќе го предводи Милвоки бакс, а потоа во 2021 година ќе стане слободен играч.

Пред крајот на наредната сезона, челниците на Милвоки уште сега најавија дека ќе му понудат нов супер-макс договор на Јанис Адетокумпо тежок дури 254 милиони долари за пет сезони, но и тоа не е гаранција дека најдобриот играч во НБА лигата ќе остане во тимот.

За да го убедат во проектот на Милвоки, сопствениците на екипата му ветиле дека ќе бидат хиперактивни на трансфер пазарот и ќе му донесат квалитетни соиграчи и за таа цел се подговени да го надминат лимитот за плати и да плаќаат пенали на НБА лигата.

Сопствениците исто така го убедиле кошаркарот дека тој ќе има важна улога во креирањето на ростерот за наредната сезона, но за тоа ќе разговараат кога Јанис ќе се врати од одмор.

Милвоки бакс сезонава ја заврши во полуфиналето на Источната конференција и тоа со пораз од 4:1 во победи од Мајами хит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот