Адеми – Гир: Парламентот и Комисијата за европски прашања имаат важна улога во процестот на евроинтеграција

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми, денеска се сретна со евроамбасадорот Дејвид Гир, со кого разменија мислења и ставови за актуелните евроинтегративни прашања на земјата во светлото на последните случувања по недобивањето на одлука од Советот за одржување на Првата меѓувладина конференција, минатата година за време на германското претседателство со ЕУ.

Како што соопштуваат од собраниската Комисија, во тој контекст, Адеми, истакна дека се прават напори за позитивен исчекор во рамките на сегашното ЕУ претседателство на Португалија.

– Земјата останува посветена на ЕУ агендата, и во таа насока Парламентот и Комисијата за европски прашања, целосно се вклучени во реализацијата на европските реформи, рекол Адеми.

При тоа Адеми се осврнал на работата на Комисијата, истакнувајќи дека како претседател на Комисијата се залага за транспарентна работа заедно со опозицијата, со цел законите со кои се усогласува нашето со европското законодавство да бидат донесени со политички и партиски консензус.

Амбасадорот Гир, се посочува во соопштението, ја истакна важноста на улогата на Парламентот и на Комисијата за европски прашања во процестот на пристапување на земјата во ЕУ, како главен крвоток во рализацијата на усвојувањето на европското законодавство. Во таа насока, ја потенцира неговата поддршка на патот кон ЕУ изразувајќи подготвеност за секаков вид на поддршка од страна на Делегацијата на ЕУ во Скопје во реализацијата на ЕУ реформите Гир, при тоа, се осврнал на финансиската помош, односно Планот за економски инвестиции усвоен од Европската Унија, како силен сигнал за посветеноста и поддршката на ЕУ за економскиот напредок на регионот на Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот