Адеми: ЕУ не дозволи ветинг во судството, поради примерот во Албанија

Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми во емисијата на Алсат ТВ „Патот кон“ вели дека правдата е основа за развојот на многу процеси и дека уште при формирање на Владата ветингот во правосудството бил на маса, но гледајќи го искуството со ветингот врз судиите во соседна Албанија, тоа не го дозволила Европската унија.

-Од структурите и институциите на ЕУ, имавме еден вид забрана во тој правец, земајќи ги во предвид фактите и аргументите што се случија во Албанија. Денес во Албанија и по една година, сѐ уште немате Уставен суд. Затоа рековме, добро, нема да има ветинг поради ЕУ и НАТО процесите во изминатите две години. Имало и компромиси кои можеби на дел од граѓаните не им се допаднале, но на крајот компромисите се дел од секојдневниот живот, дел од политиката. Важно е дека правите компромиси за да се постигне стратешката цел на државата, тоа е членка на НАТО и ЕУ- вели Едмонд Адеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот