Абе прогласи вонредна состојба во Токио и шест други области

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе прогласи вонредна состојба во Токио и шест други области во земјата во период од еден месец, поради пораст на заболени од коронавирус.

– Тоа што го одлучив, бидејќи имаме ситуација од која се плашевме, ќе има сериозно влијание врз животот на луѓето и економијата… Прогласувам вонредна состојба, рече Абе.

Мерката не предвидува целосна блокада, како во други делови на светот, но им овозможува на локалните власти да ги повикаат луѓето да останат дома и да повикаат на затворање на фирмите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот