Аба лигата не постои за нас

фото: курир.рс

Екипата на Будуќност убедливо загуби во мајсторката против Црвена Звезда но натпреварот мина во хаосот кој го предизвикаа домашните навивачи. Имено тие на загревањето се обидоа физички да се пресметаат до кошаркарите на Будуќност поради што натпреварот започна со еден час доцнење.
Неколку часа по поразот со кој ја загубија и титулата се огласија раководните луѓе на Будуќност кои побараа оставки од челниците на АБА лигата.

„Во договор со Човиќ и со спортскиот директор на АБА овозможена е тешка нерегуларност и физички напад на играчите на Будуќност. Кошаркарите и стручниот штаб доживеаја хорор линч и физичко насилство. Повредени се Норис Кол, Суад Шеховиќ, а Немања Гордиќ е погоден со стол. Свесни дека атмосферата е таква во која нема услови да се игра мечот, од челниците на АБА лигата добивме информации дека биле уценети од Ц. Звезда. Ние баравме да се испразни салата или да се одигра мечот денеска. За жал, иако Новосел и Чабркапа видоа дека нашите играчи едвај спасија жива глава, инсистираа да се вратиме на терен со закана дека службено ќе го загубиме мечот со 20-0.  Свесни донекаде за таквата ситуација прифативме да одиграме за да ги сочуваме кошаркарите и членовите на стручниот штаб. Горди сме што излегоа на терен и одиграа до крај. а за сите случувања ќе ги известиме клубовите – сопственици на АБА лигата, затоа што луѓето кои не доведоа до оваа неприфатлива и понижувачка ситуација не може повеќе во иднина да се соработува. АБА лигата од денеска за нас не постои. Очекуваме нивна смена“, стои во соопштението од КК Будуќност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот