Црвена Звезда го „уништи“ Будуќност за титула во АБА

фото: АБА лига

Екипата на Црвена Звезда ја освои шампионската титула во АБА лигата откако во одлучувачкиот петти натпревар во финалната серија го победи Будуќност со убедливи 97:54. Со триумфот, „црвено-белите“ го вратија трофејот во своите витрини откако минатата сезона Будуќност дојде до титулата, и во следната сезона ќе играат во Евролигата.

Мајсторката, покрај победата на Црвена Звезда ја одбележаа и инцидентите на загревањето, кога домашните навивачи се  обидоа физички да се пресметаат со кошаркарите на Будуќност. Поради нападот, гостинските кошаркари се повлекоа во соблекувалната и чекаа еден час додека да се смири атмосферата и да се создадат услови за игра.

Натпреварот мина во тотална доминација на кошаркарите на Црвена Звезда кои победата и освојувањето на титулата ги најавија уште во првото полувреме кое го добија со дури 26 поени разлика (47:21), а втората четвртина ја добија со неверојатни 29:8. И во второто полувреме, домашните кошаркари доминираа, и на крајот дојдоа до победа изразена со дури 43 поени разлика, за нова, четврта титула во АБА лигата.

Риверс со 21 постигнат поен беше најдобар кај новиот шампион, додека во редовите на Будуќност, екс кошаркарот на Мајами, Норис Кол даде девет поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот