Повеќе од 30 мигранти спасени во каналот Ла Манш

Вкупно 33 мигранти беа спасени денеска од импровизирани чамци во две одделни операции, во обид да го преминат каналот Ла Манш за да стигнат до Англија, јави дописникот на МИА од Париз.

Ангажиран од регионалниот центар за оперативно набљудување и спасување, првиот патролен чамец околу 8 часот спасил 17 мигранти кои се нашле во тешкотии на два импровизирани чамци северо-источно од пристаништето Кале, соопшти поморската префектура на Ла Манш и Северното море.

Кратко време потоа, околу 9 часот, во друг чамец со 16 лица, биле спасени од друг патролен чамец во широчината на Сангат од поморската бригада на жандармеријата на Кале, се додава во соопштението.

Сите 33 мигранти се безбедни и здрави, нивната националност не е одредена, тие се згрижени во пристаништето во Кале од страна на граничната полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот