85-годишна жена од Њујорк сè уште верува во љубов – истата ја бара на апликации за запознавање

хети ретроејџ
Фото: Принтскрин / Facebook

Хети Ретроејџ од Њујорк одлучила да си направи профил на апликацијата за запознавање, во надеж дека ќе најде малку забава и авантура. Кога завршил нејзиниот брак, оваа мајка на две деца и баба на три внуци имала 48 години и од тогаш сакала да се дружи само со помлади мажи, пренесува „LadBible“.

„Сега не се гледам со никого. Си направив профил на „Bumble“ затоа што некои од моите пријателки таму запознаа мажи. Ќе започнам да излегувам повторно сега, сакам повторно да уживам во љубовта. Воодушевена сум што мојот стил на водење љубов станува популарен. Не сакаат само постарите мажи млади жени“, вели Хети.

Порано одела на состаноци три пати неделно со мажи кои ги запознавала на една од популарните  апликации за средби, „Тиндер“, но откако била блокирана на истата, си направила профил на друга.

Никогаш не сум сретнала човек кој не сакал да биде со мене“, вели таа.

Нејзината нова потрага по партнер била предизвикана од разделбата со нејзиното поранешно момче, 39-годишниот Џон. Иако меѓу нив постоела голема разлика во годините, Хети вели дека отсекогаш се чувствувала млада.

Кога луѓето ме прашуваат зошто сакам помлади мажи, тие секогаш мислат дека тоа е поради интимните односи. Не велам дека тоа не е точно. Сепак, постарите мажи веќе постигнале сè во нивните животи. Имале соништа и ги оствариле, а помладите се возбудени за иднината и можам да ја делам возбудата со нив“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот