1 C
Скопје

5 препарати кои дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

Никој не знае повеќе за кожата од нив, од она што е најдобро, но и најлошо за кожата.

Дознајте кои препарати се наоѓаат на црната листа на дерматолозите, бидејќи нивните состојки предизвикуваат поголема штета отколку корист:

ПРОИЗВОДИ СО ВЕШТАЧКИ МИРИСИ

На составот на препаратот е назначено само како мирис (fragrance), но вештачките мириси можат да предизвикаат иритација на кожата и да имаат несакани ефекти поради адитивите кои ги содржат (како што се фталати). Поради ова, дерматолозите избегнуваат козметика со вештачки мириси и наместо нив ги избираат оние со етерични масла и растителни екстракти, бидејќи не само што се побезбедни, туку имаат и корисни ефекти врз кожата.

ПРОИЗВОДИ СО АЛКОХОЛ

Имаме вест за вас: алкохолот е состојка на повеќето козметички производи – како на оние за нега на коса, така и на парфемите, но и на производите за нега на кожата. Всушност, тоа може да биде причината зошто вашата кожа е сува, се лупи и изгледа сивкасто. Затоа мора да бидете внимателни како да го поправите оштетувањето на кожата и би било добро да користите серуми и хидратантни креми со состојки кои ќе го поништат дејството на алкохолот од препаратите. Побарајте козметика која содржи антиоксиданси, керамиди, пептиди, хијалуронска киселина …

ПРЕПАРАТИ СО МАСЛО ОД ЛИМОН

Не се сите природни состојки добри за секоја кожа. Дерматолозите не сакаат да користат производи со лимоново масло, бидејќи тоа навистина многу може да ја иритира кожата, а кога ќе се изложи на сончева светлина, може да предизвика сериозни реакции, и да го поттикне создавање на хиперпигментација.

НАПРАВИ САМ СЕРУМ СО ВИТАМИН Ц

Многу блогерки се пофалија со домашен серум со витамин Ц, кој би го направиле од искршено апче од овој моќен витамин, но најголем проблем е што оваа форма на витамин Ц, тешко навлегува во кожата. Витаминот Ц е докажано одличен за кожата, бидејќи го стимулира производството на колаген, но само ако е во формула која ќе го доведе до клетките на кожата. Ако се примени апче витамин Ц на кожата, тоа нема да навлезе во подлабоките слоеви, туку ќе остане на површината на кожата и ќе ја иритира, бидејќи витаминот Ц брзо оксидира и наместо корист, ќе направи штета на кожата.

СРЕДСТВА ЗА САМОПОТЕМНУВАЊЕ

Тие создаваат хемиска реакција на кожата, за која се уште не е познато дали има долгорочни последици. Затоа би било најдобро да се вратиме на природната боја на нашиот тен, а евентуално, за некои големи настани, да примениме некоја пудра или бронзер на критичните места.

Поврзани вести

ФОТО | Кое е новото момче на Цеца: Син на поранешен спортист и политичар, угостител и татко на малолетна ќерка

Слободен печат

Новогодишни бастунчиња

Слободен печат

ВИДЕО | Синот на познатиот политичар објави емотивно видео: Амди Бајрам плаче додека му пее Шериф Коњевиќ!

Слободен печат

ВИДЕО+ФОТО | 48 часа предходно сам на себе си ставал витамински инекции: Познатиот пејач почина од Ковид – 19!

Слободен печат

Ќерката на Трамп беснее на плажа во Мајами, Американците се бесни на неа: „Стави маска на лицето!“

Слободен Печат

Свежа кожа – ново лице: Жолт индиски пилинг од куркума кој длабински ја чисти кожата за само 20 минути

Слободен печат

Остави Коментар