24 починати лица и 1837 нови случаи на ковид-19

Коронавирус во Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 6647 тестови, а регистрирани се 1837 нови случаи на ковид-19: Скопје – 890, Битола – 104, Кавадарци – 95, Куманово – 81, Тетово – 68, Прилеп и Струмица – по 60, Гостивар – 45, Неготино – 42, Велес – 40, Радовиш – 36, Штип и Гевгелија – по 32, Охрид – 31, Кичево и Кочани – по 29, Ресен – 22, Струга и Делчево – по 21, Крива Паланка – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Валандово – 13, Македоснки Брод – 7, Пробиштип и Кратово – по 6, Виница – 4, Берово, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1837), регистрирани се 246 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Берово – 26, Скопје – 22, Кочани – 13, Пехчево – 12, Тетово – 6, Битола, Струмица, Кичево, Гевгелија, Кратово и Крушево – по1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 24 починати лица: 7 починати лица од Скопје (61г, 67г, 67г, 72г, 82г, 83г и 83г), 4 починати од Куманово (69г, 75г, 80г и 90г), 3 починати лица од Струмица (66г, 71г и 78г), по 2 починати лица од Охрид (48г  и 69г) и Кочани (78г и 82г) и по едно починато лице од Прилеп (66г), Битола (81г), Велес (73г), Штип (69г), Свети Николе (72г) и Пробиштип (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, нема пријавени починати лица.

Од вкупниот број на починати лица (n=24), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 6647 тестови преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-116, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-148, Авицена-280, Биотек-327, Систина-106, лабораторија Лаор-272, Синлаб-55, Ремедика-17, Плодност-77, Генеа-28, Никоб Лаб-723, ВФВ Медикал-158, Ели Медика-75, Ројал Медика–48, Спектра-ММ-27, Рапид Лаб–38, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–35, Рамус-41, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180.

Досега во земјата се направени вкупно 1 779 972 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266 937, бројот на оздравени пациенти е 239 666, на починати е 8362, а бројот на активни случаи изнесува 18 909.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот