1МФЛ: Струга Трим Лум славеше во дербито против Шкупи

фото: F.C. Struga

Во дербито на 22 коло во Првата македонска фудбалска лига екипата на Струга Трим Лум со 2:1 триумфираше против актуелниот шампион Шкупи. Водеа домаќините со голот на Шабани од пенал во 23 минута, додека предноста беше зголемена во 88 минута со погодок исто така од белата точка, а стрелец беше Ибраими.

Клубот од Чаир до крајот на средбата успеа само да го ублажи својот пораз четврти пораз сезонава преку Алварез (90+7`).

Силекс загуби од Брегалница со 1:2, штипјани стекнаа позитива во 40 минута (Ѓорѓиев), а на стартот од вториот дел за 0:2 се погрижи Калпачки. Кратовци својот единствен гол на натпреварот го постигнаа во финишот (Стојчевски, 90+4`).

ФК Скопје ремизираше 1:1 со Македонија ЃП, „лавовите“ од Ѓорче Петров уште во првата минута водеа по автолот на Најдоски, а домаќините извлече бод пред крајот на мечот (90+4`).

Академија Пандев убедливо со 3:0 го преслуша составот на Победа. За „пандевци“ по еднаш во листата на стрелците се запишаа Ѓоргиевски (3`), Велиновски (70`) и Врдољак (72`).

И во последниот дуел Шкендија со 3:1 славеше над Работнички. За позитива од 2:0 по првото полувреме стрелаа Цаке (10`) и Милев (28`). Мујезиновиќ во 82 минута погоди за 3:0, а конечниот епилог го постави Рушевиќ (90+3`).

Табела: Струга Трим Лум 42 бодови, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 32, Брегалница Штип 29, Тиквеш 28, Македонија ЃП 25, Работнички 24, Академија Пандев 19, ФК Скопје 14, Победа 13

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот